УЈП со потсетување до даночните обврзници: рокот за поднесување на ДДВ – 04 пријавите е до 27 јануари


ujp-regionalna-direkcija-540x320-480x284-1-1200x545_c.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ – 04 пријави дека рокот за поднесување е до 27 – ми јануари 2025 година.


До денес, од вкупно 41.531 очекувани ДДВ – 04 пријави, поднесени се 6.253 пријави, што претставува само 15,1% од вкупниот број. Остануваат уште 35.278 ДДВ – 04 пријави кои треба да се поднесат во преостанатите денови, соопштија од УЈП.

Апелираат, граѓани да бидат одговорни даночни обврзници и да ги достават сите потребни документи до сметководителите, со цел навремено и точно да се обработат нивните ДДВ -04 пријави за овој даночен период.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK