Тројца туристи исчезнаа во запален брод кај египетскиот брег на Црвено Море, 12 се спасени

20230611152515_big_730x400_50
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тројца британски туристи се исчезнати, а 12 се спасени откако денеска се запали моторен брод во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, соопштија египетски претставници и безбедносни извори, пренесоа британските медиуми.

Спасените туристи биле сместени во одморалиштето Марса Шагра, заедно со 12 членови на египетскиот екипаж и водичот, за британските медиуми изјавија од канцеларијата на гувернерот и два безбедносни извори.  Канцеларијата соопшти дека пожарот бил предизвикан од електричен краток спој на бродот, што од 6 јуни пловел северно од Марс Алам.


Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажаа бела моторна јахта во пламен во морето, додека густ чад се крева високо кон небото.  Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека е во контакт со локалните власти, како и дека е вклучено во давање поддршка на граѓаните. с

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK