Струјата нема да поскапи повеќе од еден процент а дополнителна евтина тарифа засега нема, најави Бислимоски

bislimoski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски денеска ги соопшти цените за пренос на електрична енергија, за дистрибуција на електрична енергија и цената на операторот на пазарот на електрична енергија.


„Оној дел којшто е најбитен и кој се однесува на домаќинствата и на најголем број на малите потрошувачи, делот од мрежарина, вклучувајќи го и преносот и дистрибуцијата таму имаме намалување за 7%“, истакна Бислимоски.

Во однос на останатите просечни цени, цената на МЕПСО за пренос на електрична енергија се зголемува за 5,68% при што влијанието на крајната цена е 4%, цената за дистрибуција на електрична енергија се намалува за 5,52%, влијанието на крајната цена изнесува 33% и цената на операторот на пазарот на електрична енергија се зголемува за 19,8% кадешто влијанието е екстремно мало и изнесува само 0,19%, кажа Бислимоски.

Според него, не се очекува поголемо покачување на просечната цена на струјата кај домаќинствата, односно Бислимоски не очекува истата да биде поголема од еден процент.

Во врска со дневната евтина тарифа Бислимоски појасни дека анализите покажале дека цената на електричната енергија на најголемата берза во регионот како и на нашата берза се најниски во периодот од 12 до 16 часот а највисоки од 20 до 24 часот.

„Имајќи во предвид дека нашите домаќинства веќе имаат стекнати навики во однос на евтината тарифа се одлучивме до пролет да ја оставиме ситуацијата таква каква што е, па потоа врз основа на состојбата во АД ЕСМ ќе носиме понатамошни одлуки. Инаку во однос на дневна евтина тарифа Македонија е единствена држава во регионот која има евтина тарифа во текот на денот“, потсети Бислимоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK