Собранието денеска ќе одржи неколку седници (68, 51, 61,69, 71, 115) на коишто треба да се отвори дебата за заостанати точки на дневниот ред, а на некои пленарки само да се констатира повлекување на одредени точки. Според информациите на МИА од Собранието, за овие и за точки од други седници за кои е завршена расправата се очекува гласањето да биде на 18 јули, за кога е закажана исто така нова седница.
Најмногу заостанати точки има на 115. и на 71. седница. На 115. седница заостанти се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основање на државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите, Предлог на закон за изменување на Законот за Oперативно – техничка агенција, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување, сите по скратена постапка.
Во прво читање се измените и дополнувањата на Законот за основното образование,
дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија. На седницата се и Годишен извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2022 година, Предлог на одлука за давање согласност на Финансискиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2023 година, Предлог на одлука за давање согласност на Стратешкиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2023 година, Предлог на одлука за давање согласност на Годишната програма за работатa на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2023 година, како и годишни извештаи за работата на повеќе институции и Информација за состојбата во Судскиот Совет па Република Северна Македонија.
На 71. седница заостанти се Предлог на закон за изменување на Законот за работните односи, во прво читање, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, по скратена постапка, но и Информација за пописот, како и интерпелација на Соња Мираковска, претседателка на Комисијата за политички систем. На оваа седница има и годишни извештаи на неколку институции од 2021 година.