Сите археолошки локалитети во Атина се затворени поради високите температури

vc-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поради високите температури грчкото Министерство за култура соопшти дека сите археолошки локалитети во Атина ќе бидат затворени од пладне до 17 часот.


Температурите во земјава се очекува да останат високи денеска, 11-ти ден по ред, а топлотниот бран ќе трае до недела, пренесува Прототема.

Вчера поради екстремни температури беше затворен туристичкиот локалитет Акропол, а одлуката е донесена да се заштитат и вработените и посетителите, објави вчера Катимерини.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK