Силен дожд, ветер и грмотевици во скопската котлина

skopje_dozd_23424324
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Силен дожд, ветер и грмотевици попладнево го зафатија Скопје и скопската котлина.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека невреме со интензивен дожд за кратко време, силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град ќе има и во ноќните часови.


Можно е, како што велат од УХМР, да дојде до поројни истекувања на помалите водотеци и суводолици и до несакани излевања на водите, кои би можеле да предизвикаат локални проблеми како на крајбрежјето, така и на патната инфраструктура. На одредени места можна е и појава на свлечишта и одрони.

Од УХМР препорачуваат внимателно движење, особено покрај реките и суводолиците, поради можна појава на опасни води и свлечишта. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK