Се активираат процедури за динамично завршување на изградбата на Клиничка болница – Штип

vlada 2
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата на Република Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со Договорот за изведба на Клиничка болница – Штип, пришто е разгледано и усвоено решение за динамично завршување на изградбата на новиот објект на болницата, согласно законските процедури.

Целта е, соопштија од владината прес-служба, граѓаните на Штип и вработените да добијат во најскоро време клиничка болница по современи стандарди, посебно што во Клиничката болница работи, како што е соопштено од Министерството за здравство, високо стручен медицински кадар и во болницата се лекуваат граѓани и од поширокиот источен регион.


– За таа цел се активираат процедури, што ќе овозможат завршувањето на изградбата на новиот објект на Клиничка болница – Штип, да се одвива со засилена и прецизно утвдена динамика, се наведува во соопштението.

Задолжени се Министерството за здравство, проектната единица и надзорот да подготват „Проект на изведена состојба“, односно пресек на досега изведените работи, во рок од 42 дена. Задолжена е Проектната единица, по направениот пресек на состојбата, во соработка со Бирото за јавни набавки, да подготви нова, тендерска документација и биде објавена јавна набавка во рок од 30 дена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK