Рокот за поднесување даночни пријави ДДВ-04 продолжен за еден ден поради технички проблеми

ujp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Наместо денеска, до утре (26 јули) е крајниот рок за поднесување на даночните пријави ДДВ-04 за даночните периоди 1 април 2023 – 30 јуни 2023 и за 1 јуни 2023 – 30 јуни 2023  од месечните и тримесечните обврзници за ДДВ.

Управата за јавни приходи соопшти дека дополнителниот рок од еден работен ден е поради отежнато функционирање на системите во УЈП предизвикано од прекин на електрично напојување во зградата каде што е сместена Генералната дирекција на Управата.


-Согласно Законот за даночна постапка,  а со цел одбегнување на отежнатото поднесување на даночните пријави преку системот е-Даноци  заради настанатите технички проблеми, Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите за еден работен ден, информира УЈП.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK