Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи ЕВР Кисела Вода вчера расчистија кривично дело „тешка кражба“, при што на ул.„Пушкинова“ од возилото „хонда“ со српски национални ознаки, сопственост на Н.А.(57) од Скопје беа одземени регистарски таблички.
По консултација со јавен обвинител, како што соопшти денеска МВР, во Казнено – поправната установа Затвор – Скопје бил извршен службен разговор со Л.Д.(29) од Република Србија, кој издржува мерка притвор во установата.
– При контрола во возило „ауди“ на граничниот премин Богородица, кое го управувал, биле пронајдени лица мигранти, а било констатирано дека регистарските таблички кои биле ставени на неговото возило припаѓаат на возилото на Н.А.., се појаснува во соопштението
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.