Пронајдено телото на скопјанецот кој се удави во Дојранско езеро

dojran-4.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По преземени мерки и активности, тим од пожарникари од Територијалната противпожарна единица Струмица, денеска околу 07.00 часот во Дојранското Езеро го пронајде телото на Д.М.(43) од Скопје, кој вчера се удави во езерото, соопшти полицијата.


Имено, вчера во 10.10 часот во СВР Струмица беше пријавено дека тој скокнал од чамец во езерото, пливал неколку метри, по што се удавил.

Во акцијата за пронаоѓање и извлекување на телото учествуваа и полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија и нуркачки екипи.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гевгелија.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK