Продолжуваат разговорите за методологијата за пораст на платите во јавниот сектор

javen-sektor
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Продолжуваат разговорите за методологијата за пораст на платите во јавниот сектор и денеска, во формат на работна група, членовите на Економско-социјалниот совет (ЕСС) ќе се обидат да ги приближат ставовите околу постигнување евентуално решение.

Синдикатите остануваат на барањето инфлацијата која минатата година беше 14,2 проценти да биде основен параметар со кој ќе се зголемат платите во јавниот сектор и сите да добијат процентуално зголемување на платите, додека за власта е клучно да се донесе решение што ќе биде системско и одржливо за да ја зголеми ефикасноста, продуктивноста и ефективноста на јавниот сектор.


Министерот за финансии Фатмир Бесими смета дека барањата на синдикатите се легитимни зашто, како што рече, тие се борат за одржување на животниот стандард пред инфлацијата. На секоја средба, според Бесими, има атмосфера и волја да се дојде до решение, но тоа, напомена, мора да биде здраво, системско и одржливо.

Минатата недела Министерството за финансии ја информираше Владата дека започнува со реформа која ќе ја унапреди фискалната децентрализација во земјава. Предвидено е спроведување на повеќе мер

-Морам во оваа фаза да кажам дека иако во разни моменти имаме различни ставови или погледи за одредени прашања, има атмосфера и волја од сите страни да дојдеме до решение. Презентираме различни позиции, но битно е во период на инфлација, кога се бориме да ја сузбиеме од сите аспекти, и динамиката на раст на платите да може да помогне во тој процес зашто тоа што ќе биде резултат е – колку реално ќе расте платата. Инаку, и административците се граѓани кои бараат јавни услуги. Ни треба ефикасна, професионална админстрација која ќе биде поддршка на стопанството, покрај другите развојни фактори, за тоа да се раздвижи и да расте побрзо. Тоа се врзани садови и во тој дел, ако поставиме здрав систем, здраво системско решение, ќе направиме основа за во иднина, децениски, да имаме етаблиран систем кој ќе донесе и поквалитетен јавен сектор, истакна вчера министерот Бесими во интервју за ТВ Сител.

Според Бесими, Северна Македонија ќе биде прва држава во светот што ќе ги индексира платите во јавниот сектор со просечната бруто плата.

-Има неколку работи испреплетени со кризата, посебно кога зборуваме за инфлацијата – таа е феномен кој носи многу предизвици, а друг момент е и спиралата. Тука барањата на синдикатите се легитимни, зашто тие се борат за одржување на животниот стандрад пред инфлацијата. И ние за тоа се залагаме, но разговараме со нив за чекор понатаму. Разговорите се во тек, не можеме сите аспекти во детали да ги објавиме, зашто не се целосно усогласени, но генерално, начелно сме согласни и ќе бидеме прва држава во светот што ќе ги индексира платите во јавниот сектор со просечната бруто плата. Има примери со инфлација и со минимална плата, а со просечна бруто плата што е во интерес на вработените можеби ќе бидеме први што користиме ваков модел. Еден предлог е дека март 2025 целосно ќе биде, но очекуваме процесот да се заокружи, изјави Бесими.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, одговарајќи на новинарски прашања вчера рече дека во преговорите за зголемување на платите во јавниот сектор досега не се разговарало за 14 отсто,  како што рекоа вчера синдикалните претставници по седницата на Економско-социјалниот совет.

Ministrja e Punës dhe Politkës Sociale, Jovanka Trençevska, duke u përgjigjur në pyetje të gazetarëve sot tha se në negociatat për rritje të rrogave në sektorin publik deri më tani nuk është

-Јас не знам од каде 14 отсто кога досега не се разговараше за 14 отсто. Се разговара за систем за плати којшто ќе одговара на сите, да не заборавиме дека платите на дел од државните службеници беа зголемени во март за 2.175 денари, тоа зависно, кај некој е 7-8 отсто, кај некој е дури и 16 проценти. Сега во моментов се разговара во рамки на Економско – социјалниот совет да се најде системско решение. Се работи да најдеме систем кој ќе биде во ред и за синдикатите и за работодавачите, односно и за Владата и за сите, одговори вчера Тренчевска на новинарско прашање, по потпишувањето на Програмата за достоинствена работа

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, кој  присуствуваше на настанот, повтори дека „инфлацијата која минатата година според официјалните податоци е 14.2  проценти, треба да биде основниот параметар по кој ќе се пресметуваат платите на вработените во јавниот сектор“.

-Ако имаме предвид дека сѐ се зголемило за 14.2 проценти, вашите плати автоматски се намалиле за 14.2 проценти и на тој начин да го елиминираме моментот на губење на куповната моќ и односно работниците да можат да го преживеат месецот, рече Трендафилов.

Тој нагласи дека доколку функционерите утре се откажат од нивните  зголемени плати за 78 проценти секој вработен во јавниот сектор би добил по 1.500 во нето на неговата сметка, ако тие пари се трансферираат во плати на вработените во јавниот сектор.

На последниот состанок социјалните партнери, како што информира Министерството за труд и социјална политика, се договориле понатамошните преговори за методологијата за пораст на платите во јавниот сектор да се одвива во помала работна група составена од членовите на ЕСС која ќе работи зачестено, а ќе излезе со предлози до следната седница на ЕСС.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK