Пресуда на Основен кривичен суд – Клиника Жан Митрев нема пропусти во работењето

Zan-Mitrev-Clinic
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Основниот кривичен суд потврди дека нема никакви пропусти во работењето на Клиничката болница Жан Митрев. Обвиненијата на МАЛМЕД во однос на наводите за прекршоци во работата на Клиниката Жан Митрев се покажаа како неосновани. Во пресудата се потенцира дека нема докази за направен прекршок. Според овој заклучок Основниот кривичен суд донесе ослободителна пресуда за клиничката болница и за доктор Жан Митрев во предметот со МАЛМЕД.

Со оваа ослободителна пресуда се потврдува дека Клиничката болница Жан Митрев и во најтешките периоди работеше според највисоки здравствени стандарди, транспарентно и во согласност со веќе утврдени и дозволени методи на лечење, кај нас и во светот. Ова е само еден чекор кон целосно докажување на вистината и фактичката состојба за нашата работа и тоа дека се што беше направено во Клиниката Жан Митрев, беше направено во интерес на пациентите и согласно етаблирани методи и стандарди при лекувањето.


Loader Loading...
EAD Logo Taking too long?

Reload Reload document
| Open Open in new tab

 

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK