На 29.07.2024 во 18.42 часот во СВР Куманово било пријавено дека околу 14.00 часот настанал пожар на сува трева во с.Кшање, кумановско, кој се проширил и го зафатил и с.Кокошиње, при што била зафатена и куќата на С.П.(75) и Т.П.(73).
Од здобиените повреди на местото починал С.П., додека нивниот внук успеал да ја извлече Т.П. од куќата.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство кај С.П., а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.