Осомничениот за убиството на Данка го повлече признанието, денеска вториот осомничен пак дава исказ

Screenshot-2024-07-11-103534.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Срѓан Јанковиќ, еден од осомничените за убиството на Данка Илиќ, претходно го повлече признанието и рече дека делото го признал под присила, а денеска пред обвинителството повторно сведочи уште еден осомничен Дејан Драгијевиќ.


Двајцата беа уапсени на 4 април за убиство на девојчето кое исчезна во Бањско Поље на 26 март. Но, се поставува прашањето што ќе биде со истрагата доколку другиот осомничен денеска го повлече признанието, пренесува Нова.рс.

Да потсетиме, девојчето, според полициската верзија излегло на улица, каде со службен автомобил најпрвин го удриле вработени во комуналното претпријатие „Водовод“. Го ставиле во автомобилот и продолжиле да возат, а во еден момент се испоставило дека не умрело, туку се онесвестило од ударот, а потоа наводно ја убил еден од осомничените.

Телото било фрлено во депонија, а подоцна наводно е преместено на непозната локација. Ова е официјалната полициска верзија на приказната.

Но, на возилото со кое наводно е извршено делото, ниту во него не се пронајдени биолошки траги од девојчето. Не беа пронајдени ниту траги од удар. На облеката на осомничениот полицијата не пронашла биолошки траги од детето. Не е пронајдено ниту телото на исчезнатото девојче, иако депонијата каде што наводно осомничените го фрлиле телото на жртвата, извести полицијата, била детално пребарана.

Во меѓувреме, Срѓан Јанковиќ побара повторно испитување пред обвинителството, а потоа го повлече признанието и рече дека го дал под принуда. Сега истото го побара и Дејан Драгијевиќ, кој денеска треба да биде сослушан. Српските медиуми пишуваат дека се очекува да откријат каде се наоѓа телото на детето или да го повлечат своето признание. Доколку реши да го повлече признанието, прашање е што ќе биде со случајот бидејќи обвинителството нема речиси никакви материјални докази против нив.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK