Одземени му се пасошите и дозволата на возачот кој го прегази Јорго Ќука во Скопје


obvinitelstvo-soobrakajka-kuka.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Обвинителството достави до судот предлог за определување мерки на претпазливост за 37-годишниот возач кој на 3 ноември со автомобил удри во поранешниот директор на „Охис“ Јорго Ќука кој со својот велосипед во тој момент се наоѓал на пешачки премин.


На осомничениот, кој има македонско и српско државјанство, му се одземени двете патни исправи и возачката дозвола, а му е изречена и забрана за напуштање на живеалиштето и обврска повремено да се јавува кај надлежен државен орган.

Обвинителството соопшти дека возачот управувал со неприлагодена брзина и со тоа го загрозил јавниот сообраќај. Пристигнувајќи на крстосницата со улицата „Лазар Личеноски“, удрил во велосипедот управуван од Ќука, кој се движел по обележаниот пешачки премин. Од ударот, Ќука се здобил со тешки повреди и подоцна починал.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK