Обезбедени над 10 милиони евра за откуп на оризова арпа и грозје вранец, соопшти Владата


depositphotos_2126141_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата донесе Одлуката со која се менуваат и дополнуваат условите за користење на средствата од компензационите фондови. Постојната кредитна линија што се реализира преку Развојната банка добива конкретна намена за финансирање на откупот на оризова арпа и винско грозје од сортата вранец, соопштија владините служби.


„Одлуката ја носиме пред главниот период на откуп, кога на компаниите им се потребни значителни средства за преземање на производите, а приходите од нивната продажба или преработка се остваруваат подоцна.

Со овој инструмент создаваме финансиска основа откупот да се одвива навремено, а предадениот род да биде исплатен во утврден рок“.

Според соопштеното, се активираат расположливи средства од постојната кредитна линија и слободни средства со кои управува Развојната банка. Вкупниот расположлив износ, изнесува 793.481.723 денари или околу 10,1 милиони евра. Од нив, 240 милиони денари се наменети за откуп на оризова арпа, а 553.481.723 денари за откуп на винско грозје од сортата вранец.

Барањата во рамките на секој од двата износи ќе се разгледуваат според редоследот на пристигнување. Максималниот износ на кредитот за откуп на вранец ќе изнесува до 130 милиони денари, а за оризова арпа до 30 милиони денари.

За оризовата арпа е предвиден рок на отплата до шест месеци, а за грозјето до девет месеци. За двете намени се предвидени грејс-период до три месеци и квартална отплата. Каматната стапка ќе биде фиксна и ќе изнесува еден процент годишно, без еднократна провизија за управување со кредитот, соопшти Владата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK