–>

Нови цени на горивата, дизелот по намалена цена

Нови-цени-на-горивата-дизелот-по-намалена-цена.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,80% во однос на одлуката од 08.11.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,236%, кај дизелот за 3,669%, кај екстра лесното масло за 4,540% и кај мазутот намалувањето е за 3,128%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,38 2%

Од 11.11.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 78,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 77,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 43,743 (денари/килограм)

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува и сега ќе изнесува 43,743 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK