Нападната амбасадорката на Србија во Мадрид

ae9a10f0-84e8-4941-a7ac-90cb4a520086.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, најостро го осуди физичкиот напад врз српската амбасадорка во Шпанија, Ирена Шарац, што, како што рече, се случи во центарот на Мадрид.

„Најостро го осудувам физичкиот напад врз амбасадорката Шарац во центарот на Мадрид. Бараме целосна истрага и одговорност од сите власти за овој безобразен инцидент и чин на насилство врз највисокиот дипломатски претставник на нашата земја“, изјави за Танјуг шефот на српската дипломатија Марко Ѓуриќ.

Според Танјуг, во центарот на Мадрид, млад човек физички ја нападнал српската амбасадорка во Шпанија, на улицата каде што живее и и нанел повреди на грбот.

Од изјавите на присутните сведоци и по неговиот говор, според написите, постои сомнеж дека тој по потекло е од Албанија.

Според очевидци, на амбасадорката, кој телефонски разговарала на српски јазик, и пришол помлад човек и ја прашал дали е од Србија, по што тој ја удрил со нога во грбот и побегнал.

Неколку сведоци потоа неуспешно се обиделе да го фатат напаѓачот. Нападот бил пријавен во полиција, која пристигнала на местото на настанот.

Амбасадорката е во добра состојба, вели извор за Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK