МТСП: Во тек е исплатата на пензиите за месец јули

penzii
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за труд и социјална политика известува дека денеска почнува етапната исплата на пензиите за месец јули. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во две групи, според висината на пензијата.


-За пензии со висина до 14.000 денари, исплатата се врши на денеска, а за пензии над 14.001 денари исплатата се врши на утре, информираат од Министерството.

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од денеска. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK