Маж уби три лица во Градачац, БиХ, и изврши самоубиство

sulejmanovikj
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нермин Сулејмановиќ, лицето кое денеска во Градачац со огнено оружје уби три и рани уште три лица, попладнево се самоуби откако беше лоциран од полицијата, непосредно пред да биде лишен од слобода, соопшти полициската управа на кантонот Тузла.

Сараевската редакција на телевизијата N1 претходно јави дека бодибилдерот Сулејмановиќ со огнено оружје ја убил сопругата и уште најмалку две лица во Градачац, се самоубил.


Сулејмановиќ на Инстаграм во живо го пренесуваше убиството на сопругата. За време на големата потрага, Сулејмановиќ постојано се појавуваше во живо на Инстаграм и се закануваше дека неговиот крвав пир не е завршен.

Како што соопшти кантоналната полиција, интензивно трагала по него, а за инцидентот бил известен и кантоналниот обвинител.

Полициските службеници кои биле на лице место ги презеле сите неопходни мерки и дејствија. На терен се испратени екипи на Полициската единица за специјална поддршка. Лицето откако било лоцирано и пред да биде лишено од слобода извршило самоубиство, стои во соопштението на кантоналната полиција од Тузла.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK