Маж уби две лица на аеродромот во главниот град на Молдавија, напаѓачот е приведен

moldavija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Маж денеска уби две лица на аеродромот во главниот град на Молдавија, Кишињев, откако му бил одбиен влез во земјата. Напаѓачот веќе е приведен, јавија локалните медиуми.

Тие претходно информираа дека странец отворил оган врз граничен чувар и го ранил откако му бил забранет влез во државата. Потоа стрелецот се забарикадирал во соба на аеродромот, каде што држел заложници.


Потоа, молдавските специјални сили започнаа операција и го приведоа напаѓачот.

Според првичните податоци, човекот пристигнал со авион од Турција. Патниците биле евакуирани од аеродромот, кој престанал да прима летови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK