Четири деца бегалци без придружба од Авганистан биле ослободени и спасени од подрум во центарот на Атина, каде што без нивна волја, биле држени од мрежа на криумчари на мигратни, соопштија од Министерството за миграција и азил на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Децата биле спасени во организирана акција на грчката полиција во соработка со надлежното Министерство по добиените информации преку 24-часовната линија за следење.
По пронаоѓањето, децата биле регистрирани и пренесени во соодветен центар за грижа на деца бегалци без придружба.