Инжинерите веруваат државата може самата да го изгради Чебрен, Ковачевски е за приватен инвеститор

Инжинерите-веруваат-државата-може-самата-да-го-изгради-Чебрен-Ковачевски.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Здружението на инженери на Македонија покрена Иницијатива да се донесе Закон за изградба на Чебрен со македонски сили.

Иницијативата е доставена до Владата, премиерот, до сите министри, до Собранието, до претседателот на Собранието и до сите пратеници.

Со иницијативата се предлага да се донесе Закон за финансирање на изградбата на водостопанско-енергетските објекти со име „Проект Чебрен”, како интегрално решение по должината на сливот на Црна Река, како составен дел од Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година.

„Целта на оваа Иницијатива е активностите на државните институции кои ќе бидат делегирани за спроведување на овој капитален проект од стратегиски интерес за државата, да се стават во законски рамки за да се овозможи непречена реализација, без обѕир која политичка партија ја формира Владата“, велат Инжинерите.

Според нив, Македонија може финансиски да го поднесе овој проект преку интелигентно финансиско управување.

Премиерот Димитар Ковачевски од друга страна смета дека од финансиски аспект добро е да се има приватен инвеститор, бидејќи на тој начин не се оптоварува јавниот долг со нови задолжувања.

„Земете ги за пример САД, најголемите енергетски капацитети се на приватни корпорации. Го почитувам мислењето на Здружението на инжинери, тоа се искусни. Дел се присутни во научната и практичната сфера четири децении. Четири децении тие капацитети не се изградени во државата. Лани за справување со енергетската криза работевме со капацитети стари по 45 години, 84 година руска технлогоија се и Битола и Неготино. Работеа со полн капацитет благодарение на вработените таму“, рече Ковачевски, одговарајќи на прашање на оваа тема.

Во однос на гасно-водородни централи кои ќе се градат во Неготино и во Битола, според Ковачевски, најдобро е да се градат со „Џенерал електрик“ од САД оти се работи за врвна технологија и држава којашто е стратешки партнер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK