Инфлацијата во ЕУ 2,6 отсто

fdg-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Годишната стапка на инфлација во еврозоната во јуни годинава изнесува 2,5 отсто, што е пад од 2,6 отсто во мај. Една година претходно, во јуни 2023 година, оваа стапка изнесуваше 5,5 отсто, објави Европскиот статистички институт – Евростат.


Во Европската унија, годишната инфлација беше 2,6 отсто во јуни 2024 година, наспроти 2,7 отсто во мај. Една година претходно оваа стапка беше 6,4 отсто.

Најниски годишни стапки се регистрирани во Финска (0,5 отсто), Италија (0,9 отсто) и Литванија (1,0 отсто).

Највисоки годишни стапки се забележани во Белгија (5,4 отсто), Романија (5,3 отсто), Шпанија и Унгарија (и двете од 3,6 отсто). Во споредба со мај 2024 година, годишната инфлација падна во 17 земји-членки, остана стабилна во една и се зголеми во девет.

Во јуни 2024 година, најголем придонес во годишната стапка на инфлација во еврозоната имаа храната, алкохолот и тутунот (0,48 п.п.) и неенергетските индустриски производи (0,17 п.п.).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK