Годишнина од трагедијата во Нови Сад кога настрешницата на железничката станица падна и уби 16 лица


zeleznichka-stanica-novi-sad.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денес се навршува точно една година од ужасната трагедија на главната железничка станица во Нови Сад, кога настрешницата падна и уби 16 лица.


Падот на настрешницата се случи во 11:52 часот наутро, над главниот влез на станицата. Официјалните податоци од српското Министерство за внатрешни работи покажуваат дека 14 лица загинале на лице место, вклучувајќи 3 деца, додека уште две лица починале подоцна во болница од повредите.

Членовите на спасувачките служби од речиси цела Србија тој ден неуморно ги расчистуваа урнатините во потрага по преживеани. Сведоците и спасувачите потоа ги опишаа сцените како морничави  со вресоци и паника под урнатините. Најтешкиот дел беше извлекувањето на жртвите, особено децата.

Денот по трагедијата, 2 ноември 2024 година, во Србија беше прогласен Ден на жалост. Во Нови Сад беше прогласен тридневен период на жалост, кој го потпиша градоначалникот Милан Ѓуриќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK