Силно невреме пропратено со силен дожд и град попладне зафати делови од општина Горњи Милановац, а најмногу селата на падините на Сувобор и Рајац, во соседна Србија.
View this post on Instagram
Градот со големина на лешник нанесе најголеми штети на земјоделските култури, додека нивото на реката Чемерница драстично порасна поради обилните врнежи од дожд.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
„Реката Чемерница толку многу се покачи што нејзиното ниво порасна за повеќе од еден метар“, изјави за Танјуг Јован Николиќ од Коштуниќ.
View this post on Instagram
Невремето не ја заобиколи ниту Македонија. Во одредени делови од нашата земја веќе има интензивни врнежи од дожд.
Според УХМР, поизразена нестабилност има во регионот на Велес. Од неа има појава на пороен дожд и грмежи и краткотрајно услови за појава на град.