Две лица загинаа во невремето во Бугарија и Романија за време на викендот, што предизвика соборени дрвја и прекин на електричната енергија на брегот на Црното Море.
Во саботата вечерта, 43-годишна жена била згмечена од дрво по што починала во источниот град Варна, соопшти бугарската полиција. Повредени се и двајца спасувачи кога врз нив паднале скршени гранки.
Шеесет и петгодишен возач загина во Софија кога дрво паднало врз автомобилот во кој се наоѓал. Неговата сопруга е хоспитализирана во тешка состојба.
Иако денеска се смирува временската состојба во главниот град, источна Бугарија се уште е изложена на силен ветер кој дува со брзина поголема од 100 км/ч и немирно море, со бранови над пет метри.
Крајбрежниот град Варна прогласи вонредна состојба, како и осум други градови во регионот, а жителите беа замолени да останат дома.
Снежен хаос владее и на североистокот од земјава, од каде полицијата добила десетици повици од возачи во неволја. Авионскиот и железничкиот сообраќај беа прекинати.
Истото невреме ја погоди и соседна Романија. Таму црноморските пристаништа се затворени за пловидба.
On Nov 18, 2023 it snowed heavily over mountainous and eastern parts of Romania with multiple reports of wind damage, road closures and accidents ❄️
The map below shows the depth of snow at 8 pm (local time) on Nov 18, 2023. pic.twitter.com/0BFUNRrYj8
— Thunder26 (@Thunder261) November 19, 2023
Метеоролошката служба издаде највисоко црвено предупредување за провинциите Констанца и Тулчеа.
Десетици илјади домови таму останаа без струја, а пожарникарите отстранија 140 дрвја кои паднаа на патот. Оштетени се и четириесетина возила.