„Еуроникел“ втор ден на протести: Исплатете го августовското ДДВ за да земеме плата

„Еуроникел-втор-ден-на-протести-Исплатете-го-августовското-ДДВ-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синдикалната организација на Еуроникел упати отворено писмо до Фатмир Битиќи, Сања Лукаревска, Димитар Ковачевски, до градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и до директорот на Комерцијална Банка АД Скопје, Хари Костов.



Од таму бараат да се исплати августовското ДДВ за да земат плата.

„Втор ден протестираме во знак на револт и бараме да се исплати августовското ДДВ за да земеме плата, да платиме сметки, кредити, да добиеме здравствено осигурување да може хронично болните да добијат терапија, да може тие што имаат операции, да добијат здраствена нега, да може трудниците да добијат породилно боледување, а вие сте и глуви и неми и слепи, додека ние стоиме на патот и молиме не за милост, ами за нашите заработени пари.

Не може ДДВ што е доспеано уште во месец октомври, се уште да не е исплатено на крајот на месец ноември. А еве веќе и рокот за септемвриското ДДВ е поминат. Не може УЈП да седи врз нашите пари и да бара начини и да не задолжува со нови даноци, сè со цел да не ни ги исплати средствата што ни ги должат. Тоа е нечесно и нечовечно спрема 1000 работници, спрема 1000 семејства, спрема нашите деца кои треба да ги храниме, образуваме, да им обезбедиме здраствена заштита“, се наведува во писмото.

„Почитуван заменик претседател Битиќи, почитувана директорке Лукаревска, дојдете на блокадите, погледнете не во очи, слушнете ги нашите маки, но најважно од се пуштете ги средствата за ДДВ, и ние како луѓе да можеме да однесеме леб дома. Тоа се наши пари. Милостина не бараме.

Ве молиме час поскоро пуштете ги средствата што ние чесно ги заработивме. Сите протестираат за поголеми плати, ние протестираме да земеме каква-таква плата и да добиеме здравствено осигурување“, се додава во отвореното писмо.

Од таму најавуваат дека продолжуваат со блокадите и во понеделник на региналниот пат Градско-Прилеп кај село Дреново, до целосно разрешување на нивното прашање.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK