Есенската кошничка со 100 производи ќе биде готова утре, Дурмиши најави и зимска, велигденска и рамазанска кошничка

esar-Durmisi-so-ovosje.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Есенската кошничка со замрзнати цени или ограничени маржи на 100 основни прехранбени производи ќе биде стокмена утре. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши до крајот на денот денес очекува работната група која ја подготвува кошничката да му соопшти дали ќе се одлучат за замрзнување на цените или за ограничување на маржите.


„Работната група во која членуваат претставници од Министерството за економија и труд, од Министерството за земјоделие и од Министерството за финансии до утре треба да ја направи есенска потрошувачка кошничка. Ќе опфати околу 100 прехранбени земјоделски производи. Ќе се направи една симулација за замрзнување на цените на одредено ниво или ограничување на маржата од 5, 10 или 15 проценти на основните прехранбени производи и во зависност од тоа ќе донесе одлука. Во кошничката ќе има овошје, храна, ориз, грав, сите производи кои се побитни сега во есенскиот период. Оваа акција со потрошувачката кошничка ќе ја продолжиме и во наредниот период со зимска кошничка, со велигденска кошничка и рамазанска кошничка“, рече министерот за економија Дурмиши.

Есенската кошничка Дурмиши очекува да биде испратена на усвојување во Владата следната недела, а веднаш откога ќе биде изгласана ќе ја почнат процедурата за почитување на мерката.

Тој денес излегол во обиколка на две книжарници за да провери дали се почитува мерката за ограничени маржи на училишниот прибор и утврдил дека трговците ја почитуваат мерката. Најави засилени контроли за оваа мерка во сите градови ширум земјата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK