Како што неофицијално дознава Хина од хрватскиот преносен систем оператор, дошло до дефект на електричната мрежа низ три земји – прво почнало во Црна Гора, потоа прекинот на струја ја зафатил Босна и Херцеговина, а потоа дел од Хрватска – цела Далмација нагоре до Риека, наводно до трафостаница Бриње.
Според Хина, никогаш немало дефект на електроенергетскиот систем преку три држави. Хина дознава и дека моментално диспечерите се зафатени со разговори меѓу себе, од држава до држава, да утврдат што се случило и да смислат план за закрепнување, бидејќи ниту една држава не може да биде изолирана во однос на напојувањето, имајќи предвид дека сите се поврзани со далноводи .
Причината се уште не е позната, засега се шпекулира дека потрошувачката скокнала поради високите температури и дека системот во еден момент паднал.