Грчкиот остров Евија утрово беше погоден од земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од четири километри и на 78 километри од градот Перистери.
Земјотресот се случил во 5:13 часот наутро по локално време и предизвикал вознемиреност кај жителите на областа, особено имајќи предвид дека Евија вчера беше погодена од серија земјотреси, од кои најсилниот бил 5,2, објавува „Прототема“.
Засега нема извештаи за повредени или материјална штета. Поради континуираната сеизмичка активност, властите одлучија да затворат неколку основни и средни училишта во областа како превентивна мерка.
Пожарникарите објавија дека се во состојба на зголемена готовност.
#Earthquake (#σεισμός) possibly felt 31 sec ago in #Greece. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/ndeIWOx347— EMSC (@LastQuake) June 8, 2026
Серија земјотреси ја погодија Грција
За потсетување, серија силни земјотреси ја погодија Грција вчера за само неколку минути, во близина на Халкида. Најсилниот земјотрес имаше јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала.
„Лустерите се нишаа, радијаторите се тресеа“, „И во Атина се почувствува добро“, „На Халкида се тресеше навистина добро“, се само дел од коментарите на грчките жители на веб-страницата на EMSC.
Првиот земјотрес се случи во 13:02 часот по локално време и беше со јачина од 5,1 степени. Вториот, исто така, се случи во 13:02 часот и беше со јачина од 5 степени.
Третиот се случи во 13:04 часот и беше со јачина од 3,6 степени. Четвртиот се случи во 13:06 часот и беше со јачина од 3,6 степени.