Денеска на службените мејлови на повеќе образовни установи во Скопје и во други градови во државата добиени се дојави за поставени експлозивни направи, соопшти МВР.
„По утринските дојави за бомби во шест основни училишта во Општина Аеродром, тимови на МВР веднаш излегоа на терен и по извршените контроли учениците се веќе вратени на настава“, извести вд градоначалникот Дејан Митески.
„По дојавите, беше постапено согласно протоколите што се преземаат во вакви ситуации, а децата беа безбедно евакуирани“, додаде Митески.
Тој повика на смиреност кај родителите, учениците и наставниот кадар.