Сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. UV=7
Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Во петок и сабота времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а од недела во попладневните часови ќе има услови за појава на локален пороен дожд со грмежи.