Министерството за внатрешни работи известува дека денеска, во периодот од 10 до 12 часот, поради одржување протест пред Владата на Република Северна Македонија, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
Од тие причини Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници на сообраќајницата каде што ќе се одвива протестот со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, додаваат од МВР.