Претседателката на Националното собрание Ана Брнабиќ денеска оцени дека проектот за ископ на литиум во Германија е толку важен што канцеларот на Германија Олаф Шолц го искористи како адут во предизборната кампања за покраинските избори.
„И двата проекта за литиум во Германија се толку важни што Олаф Шолц во кампањата, во време кога неговата партија и коалицијата што ја предводи како канцелар, се во многу лоша позиција во Германија, го повлече овој проект на Зинвалд како кец во ракавот, ископување литиум од карпите и преработка на литиум во Германија, во Франкфурт, обработката на литиум е на 15 километри од центарот на Франкфурт“, рече Брнабиќ на ТВ Пинк.
Таа на новинарско прашање одговори зошто литиум се ископува во Србија, а не во Германија, на што Брнабиќ рече дека ќе се ископува и во Германија.