Брнабиќ: Одржувањето нови избори е демократско решение за актуелната ситуација


Брнабиќ-во-Брисел-Србија-не-може-да-воведе-санкции-кон.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ смета дека одржувањето на нови избори би било демократско решение за актуелната ситуација во земјата, додавајќи дека српската парламентарна опозиција нема легитимитет.


Брнабиќ оваа изјава ја даде по падот на српската влада и оставката на премиерот Милош Вучевиќ, додавајќи дека преодната влада, која дел од опозицијата ја предлагаат како решение за кризата, треба да се нарече „телепортска влада“ затоа што би послужила како „машина за телепортирање на опозицијата на министерски позиции“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави вчера дека по падот на владата има две опции: формирање нова влада во законскиот рок или одржување предвремени избори, но дека во следните десет дена ќе донесе одлука дали ќе има избори или формирање нова влада.

Брнабиќ посочи и дека парламентарната опозиција повеќе не застапува никого, што е огромен проблем, наведувајќи дека, од друга страна, прашање е дали изборите би решиле нешто.

„Тешко дека по оваа влада некогаш ќе го имаме времето што го имавме пред 2012 година, кога немаше политичка одговорност, сега имаме примери на кои сите ќе се повикуваат“, додаде Брнабиќ.

Лидерите на одредени опозициски партии и движења, реагирајќи на оставката на премиерот Вучевиќ и падот на владата, порачаа дека „сега не се работи за избори“, дека прво треба да се исполнат сите барања на студентите.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ поднесе неотповиклива оставка поради студентските и граѓанските протести кои траат речиси три месеци, барајќи од властите да одговараат за несреќата во Нови Сад, кога се урна настрешница на железничка станица, при што загинаа 15 лица луѓе.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK