На поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп синоќа му беше покренато федерално обвинение за направено злосторство. Во изминатите четири месеци против него се покренати уште едно федерално и три државни обвиненија.
Овојпат, тужбите се поврзани со обидите на Трамп да ги укине резултатите и да го спречи својот пораз на претседателските избори во 2020 година.
Обвиненијата се покренати во рамки на истрагата започната од специјалниот обвинител Џек Смит, назначен од министерот за правда Мерик Гарланд лани во ноември. Во обвинителните акти составни од четири точки се тврди дека Трамп извршил заговор со цел да го спречи Конгресот да ја потврди победата на претседателот Џо Бајден, а со тоа избирачите биле лишени од нивните права за фер избори.
Трамп треба да се појави пред федерален суд во Вашингтон в четврток.
Официјални лица сведочеле дека Трамп врз нив вршел притисок засновано на лажни тврдења за наводно опширен изборен фалсификат сторен при гласањето. По негов повик, подржувачи на Трамп го нападнаа американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година во обид да го спречат Конгресот да ја потврди победата на Бајден.
Трамп на 18 јули изјави дека добил писмо од Смит во кое се вели дека е објект на истрага поврзана со настаните на 6 јануари 2021 година. Истрагата се води со учество на голем федерален поротен суд во Вашингтон.
Трамп е втор претседател на САД гонет по федерална тужба. Обвиненијата тој ги отфрла карактеризирајќи ги како политички мотивиран „лов на вештерки“. Трамп е предводник во трката за претседателски кандидат од републиканците. И останите републикански кандидати сметаат дека обвинанијата против него се политички мотивирани.
Во настап пред јавноста без да одговори на прашања, Џек Смит го обвини Трамп за хаосот во Капитолот.
-Нападот на престолнината на нашата земја на 6 јануари 2021 година стана напад без преседан на центарот на американската демократија. Kако што стои во обвиненителните заклучоци, тоа беше разгорено од лага, лага на обвинетиот кој сакал… да спречи исполнување на основните функции на владата на САД, изјави Смит.
Во обвинителните заклучоци се наведени многу примери на обиди од страна на Трамп за лажирање на резултатите од изборите. Притоа, изјави обвинителот, повеќе високи претставници од разузнавањето му укажувале на експретседателот дека резултатите се законски.
Трамп се обидувал да поставо лажни електори во неколку држави како Мичиген или Џорџија, откако тоа не успеало, тој се обидел да изврши притисок врз потпретсеателот Мајк Пенс да не ја изврши сертификацијата на изборите на општо собрание на двата дома на Конгресот, а согласно законот. Смит смета дека нередите во Капитолот се организирани имено со таа цел.
Во обвинителиот акт се истакнува дека да ги оствари овие цели Трамп работел заедно со шестмина останати неименувани лица созаговорници. Описите на еден од нив одговара на поранешниот вработен во министерството за правда Џефри Кларк, кој се обидувал да добие функција државен обвинител.
Во обвинителниот акт се споменува и личниот адвокат на Трамп, Руди Џулијани, поранешен градоначалник на Њујорк, како лице кое било спремно да изложи правна стратегија кон која одбиле да се придржуваат правници од изборниот штаб на Трамп.