­

Уживајте во секој момент со големите 98-инчни телевизори на Samsung


samsung_supersize-tv-f03-03-real-stadium-pc_0913
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Големите телевизори го трансформираат вашето гледачко искуство, носејќи ви неверојатна слика, имерсивен звук и автентична емоција директно во вашиот дом. Со големина на екранот од фантастични 98 инчи и врвни најмодерни технологии, телевизорите на Samsung овозможуваат доживување какво што не досега не сте имале. Особено важна е технологијата со квантни точки (QDs), која создава милијарди автентични бои, прецизно репродуцирајќи живописни и реалистични тонови. Ова овозможува доживувања при гледањето без преседан, создавајќи сцени кои се исклучително детални, јасни и природни, со бои кои ќе ве импресионираат. Технологијата со квантни точки на Samsung гарантира дека ќе уживате во секој кадар со повеќе реалност и поголема длабочина, создавајќи идеален амбиент за филмови, спорт и видеоигри.

Кои телевизори од 98 инчи ви ги предлагаме?

Представете си дека вашиот дом се претвора во вистинско кино – со огромен екран од 98 инчи и врвна технологија, Samsung телевизорите ќе ви донесат искуство како никогаш досега. Samsung Neo QLED 4K QN90D со својата Quantum Matrix технологија овозможува прецизна контрола на светлината, создавајќи богат контраст и неверојатно реалистични бои. Без разлика дали гледате филм, спортски настан или играте видеоигра, HDR и Auto HDR Remastering ги оптимизираат сите содржини, дури и оние со пониска резолуција, за да изгледаат како во 4K. Додадете го импресивниот Dolby Atmos звук, кој со ВИ обработка создава surround ефект, и имате целосно кино искуство во вашиот дом.


Ако сте љубител на современи технологии, Samsung QLED 4K Q80C ќе ги исполни вашите највисоки очекувања. Со Quantum HDR+ и Quantum Dot технологијата, овој телевизор нуди неверојатно живописни бои и висококвалитетен приказ. SuperSlim дизајнот ја додава елеганцијата и го прави телевизорот совршен за секој простор. Neutral Quantum 4K процесорот и вештачката интелигенција автоматски ги подобруваат сликите, а режимот за удобност на очите се грижи за вашиот вид. ОTS Lite технологијата создава виртуелен звук, кој се усогласува со настаните на екранот, за уште поавтентично доживување.

Но тоа не е се! Samsung Crystal UHD DU9000, со Supersize Picture Enhancer функцијата и Crystal UHD технологијата, го носи гледачкото искуство на ново ниво. Благодарение на кристалниот процесор 4K, сите содржини се прикажуваат со највисока резолуција и извонредна деталност. Технологиите PurColor и Contrast Enhancer ја прават сликата уште подинамична и автентична. Плус, аудиосценската интелигенција автоматски го прилагодува звукот на содржината, за да го почувствувате секој момент како никогаш досега.

 Без разлика на тоа дали сте страстен филмски фан, љубител на спорт или хардкор гејмер, Samsung телевизорите од 98 инчи се идеалниот избор за првокласно доживување на слика и звук во вашиот дом.

Заштита на податоци и безбедно управување со сите уреди во вашиот паметен дом

Samsung екосистемот ви нуди неверојатна удобност и безбедност во вашето секојдневие. Со апликацијата SmartThings, можете лесно да управувате со вашиот телевизор, поврзувајќи го со вашиот Galaxy телефон за брзо и едноставно праќање известувања и управување со сите поврзани уреди. Овој екосистем работи беспрекорно со сите Samsung уреди во вашиот дом, а исто така поддржува и IoT уреди од трети страни. Понудената интеграција не само што го олеснува управувањето со уредите, туку и го подигнува нивото на безбедност преку Samsung Knox. Оваа напредна заштита на податоци обезбедува дека сите ваши лични информации и податоци остануваат приватни и заштитени, дури и кога користите различни уреди и апликации, правејќи ја вашата поврзаност сигурна и доверлива.

10 години иновации со квантни точки и лидерство

Како мало потсетување, Samsung беше еден од првите кои го препознаа потенцијалот на технологијата со квантни точки; компанијата започна со истражување и развој на квантните точки во 2001 година, а потоа во 2014 година создаде нанокристален материјал без кадмиум. ​​Оттогаш, Samsung има регистрирано преку 150 патенти, континуирано унапредувајќи ја технологијата. Со тоа го постави стандардот за премиум телевизори, кој вклучува неспоредлив израз на бои благодарение на 100% волумен на бои според стандардот DCI-P3. Накратко, квантните точки се ултра-фини полуспроводнички честички кои се десетици илјади пати потенки од човечкото влакно. Од самиот почеток нивните физички карактеристики, кои им овозможуваат да обезбедат највисоко ниво на прецизност и осветленост на бојата меѓу постоечките материјали, ги позиционираа да ја револуционизираат технологијата на екраните.

Промотивна понуда на телевизори Samsung од 98 инчи

Не чекајте! Искористете ја промоцијата која е во тек и ќе трае до 31.12.2025,  и добијте бесплатна достава и инсталација на вашиот нов Samsung телевизор од соништата. Направете го својот дом центар на забава со телевизор кој ќе ве остави без здив. Направете го следниот чекор сега и уживајте во врвната технологија од удобноста на вашиот дом!

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK