Со усовршувањето на технологијата која што од ден на ден сѐ повеќе се развива, добиваме паметни алатки кои што ни го олеснуваат нашето секојдневие. Со оглед на тоа дека во периодот на корона вирусот физичката активност ни се намали, иновациите за подобрување на тој сегмент од нашиот живот ни се и те како добредојдени. Овој пат, имавме можност да го тестираме паметниот фитнес тракер Xiaomi Mi Band 5. Пакувањето на Xiaomi Mi Band 5 содржи тракер со ремче и кабел за полнење.
Band 5 го задржува изгледот на својот претходник Band 4 кој е прогласен за најдобриот финтес тракер во светот во својата категорија. Tракерот има можност да се оддели од ремчето кое што е изработено од високо квалитетна гума која перфектно се вклопува на раката, а во комбинација со малата тежина која заедно е околу 23 грама, создаваат удобно чувство кога е на зглобот.
Поврзувањето на новиот Mi Band 5 паметниот фитнес тракер е едноставно. Го скенирате QR кодот со вашиот паметен телефон, кој веднаш ве води до местото каде што може да се инсталира Mi апликацијата која што се синхронизира со тракерот. Истата се одвива преку Bluetooth 5.0. Минимална поддршка на оперативен систем на вашиот паметен телефон за да може да се користи Xiaomi Mi Band 5, е Android 5.0 и IOS 10.0.
Покрај сите податоци кои што можат да се видат и да се споредат во апликацијата, постои и продавница за бесплатни теми кои што ќе ви го подобрат корисничкото искуство. За да се сите содржини чисто и читливо претставени пред корисникот, Xiaomi се погрижиле за добрата резолуција и живописните теми со (1.1) инчниот AMOLED дисплеј кој има 126×294 резолуција. Добрата страна на дисплејот на Xiaomi Mi Band 5 е во тоа што за разлика од својот претходник, овој модел има зголемена видливост на дисплејот за 20%.
При креирањето на профилот Mi Band 5 го бирате полот на корисникот со тоа што доколку сте женски корисник, тракерот има посебен модул кој што се грижи за женското здравје набљудувајќи ги промените кои што се последица на месечниот циклус за кој што дава дополнителни известувања. Забележаните податоци можете да ги прегледувате на самиот тракер.
Исто така, паметниот тракер го следи квалитетот на вашиот сон во неколку категории и тоа: длабок сон, лесен сон, РЕМ фаза и период колку сте биле будни во текот на ноќта. Дополнително, ве лови кога сте дремнале во текот на денот.
Mi Band 5 паметниот фитнес тракер ја следи работата на вашето срце и нивото на стрес како дел од секојдневните активности. Покрај мерењето на нивото на стрес во текот на работниот ден паметниот фитнес тракер има дополнителна апликација која што ќе ви помогне во синхронизацијата на дишењето со која за краток период за време на вашата пауза ќе ви помогне да се релаксирате и да го намалите нивото на стрес.
Уредот поддржува и 11 спортови како: Трчање на отворено, трчање на трака, велосипед, пешачење, јога, скокање на јаже, пливање, вежбање на спарави и др. Во оваа категорија можеме да го сметиме и педометарот како и мерачот на согорени калории.
Во текот на работниот ден, во периодот кога тренирате, одмарате или спиете MI Band 5 ќе се погрижи да ги добиете сите известувања како дојдовни телефонски повици, SMS пораки или известувања од социјалните мрежи како и апликациите за комуникација, Viber, WhatsApp и др.
Доколку во текот на напорниот ден не можете да го најдете вашиот мобилен телефон, не се грижете, тука е опцијата која ќе ви помогне со звучна активност да го пронајдете вашиот мобилен телефон.
Од стандардните опции ги наведуваме Алармот за будење, котролата на музика на мобилниот уред и временската прогноза.
Батеријата на Mi Band 5 паметниот тракер е со капацитет од 120 mAh, или во нормален мод на работа трае околу 14 дена. Уште една позитивна карактеристика која што сакаме да ја истакнеме е дека уредот е водоотпорен и нема да има потреба да го вадите доколку се бањате или пливате. Tракерот е водоотпорен до 50 метра длабочина и го исполнува 5АТМ стандардот. Исто така, тука е и магнетниот полнач кој ќе ви го олесни полнењето на уредот.
Искуството кое нас ни го пружи Xiaomi Mi Band 5 додека го анализиравме, ни покажа дека можеме да го следиме нашето здравје, сонот, нивото на стрес, како и да имаме контрола врз дојдовните повици и социјалните мрежи и апликации додека одмараме. Во брзиот и динамичен живот со многу стрес, Xiaomi Mi Band 5 е уред кој што секој од нас треба да го има. Тој ќе биде поттикнувачот кој секогаш ќе нѐ потсетува дека премногу време седиме во едно место и ќе нѐ поттикнува на физичка активност, грижејќи се за нашето здравје.Ние уживавме додека го анализиравме уредот, заедно со сите опции на Mi Band 5 со кои што ни помогна во справување со работните обврски. Xiaomi Mi Band 5 ги оправда сите наши очекувања. Сметаме дека овој паметен тракер може перфектно да се вклопи во сечии дневни активности.
Доколку сакате и вие да го доживеете Xiaomi Mi Band 5 искуството и сакате овој уред да стане дел од вашето секојдневие, посетете ја web страницата на SMARTUS каде што ќе можете да се информирате повеќе за уредот, да го порачате online по многу пристапна цена и со брза и бесплатна достава да го имате на вашиот зглоб веќе за два дена, со гаранција од две години.
Xiaomi Mi Band 5 техничка спецификација
- 1.1″ AMOLED, 126×294
- 125 mAh, 14 days
- Six-axis accelerometer
- PPG heart rate sensor
- Bluetooth 5.0
- Android 5.0/iOS 10.0
- 5ATM
- NFC variant only: NFC, microphone
- 47.2 x 18.5 x 12.4mm
- 11.9g/12.1g
- 155-219mm wrist band
Текст Р.Т., видео М.Б.