Новите членови на семејството Galaxy пристигнаа донесувајќи вистинска револуција во светот на паметните телефони. Galaxy S25, Galaxy S25+ и Galaxy S25 Ultra, не се само телефони – тие се вашите нови придружници со вештачка интелигенција, подготвени да го подобрат секој момент од вашето секојдневие. Ако барате уред кој ќе ве придружува низ сите животни авантури, еве што можете да очекувате од секој од нив.
Брзина и интелигенција на мобилните перформанси
Во свет каде што времето е најскапоцениот ресурс, серијата Galaxy S25 е тука да ви помогне да го заштедите. Мултимодалните агенти за вештачка интелигенција сега овозможуваат природна интеракција со вашиот телефон – тие разбираат текст, говор, слики и видео, а пребарувањето на екранот станува побрзо и попрецизно. Серијата Galaxy S25 се истакнува со дополнително подобрување на популарните алатки на Galaxy AI за комуникација, продуктивност и креативност, за што најзаслужен е моќниот Qualcomm Snapdragon® 8 Elite чип, специјално дизајниран и оптимизиран за серијата Galaxy S25. Овој иновативен процесор донесува водечки перформанси во индустријата, поттикнувајќи извонредна брзина и користење на вештачка интелигенција.
Функцијата за Транскрипција на повик (Call Transcript) и резиме ја организираат вашата комуникација, додека Помошта при пишување овозможува резимирање на содржина и автоматско форматирање на белешки, без потреба за префрлање помеѓу апликации. За дополнителна креативност, функцијата Помош за цртање (Drawing Assist) овозможува комбинирање на скици, текст и визуелни насоки за оживување на вашите идеи. Пребарување со заокружување (Circle to Search) е значително подобрена и сега, пребарувањето на екранот не е само брзо и едноставно, туку и контекстуално прилагодено. Со едноставен допир, Galaxy S25 автоматски препознава телефонски броеви, е-пошта и URL-адреси, овозможувајќи ви да се јавите, испратите порака или посетите веб-страница без никаков напор.
За креативност без граници
Без разлика дали работите во креативните индустрии или едноставно сте креативна личност, серијата Galaxy S25 е дизајнирана само за вас. Сензорите со висока резолуција и ProVisual Engine ви овозможуваат да снимате фотографии и видеа кои ќе изгледаат максимално професионално, дури и при слаба осветленост. Без разлика дали сте на забава или едноставно сакате да ги доловите секојдневните моменти, секоја снимка е детална, јасна и полна со бои. Со ултра-широката камера од 50 MP на Galaxy S25 Ultra, секој детал доаѓа до израз. И ако сакате да експериментирате со видео, новата функција Audio Eraser го отстранува секој несакан шум, додека Virtual Aperture ви овозможува да снимате со ефект на длабочина што ќе им даде на вашите видеа вистинско чувство за DSLR.




Дополнително, функцијата Portrait Studio ви овозможува да креирате аватари со реални изрази на лицето, додека новите филтри додаваат филмска естетика на вашите фотографии и видеа, правејќи секој момент да изгледа како професионално уреден. Сите овие иновации комбинираат врвна технологија и креативност за да ви овозможат единствено и беспрекорно мобилно искуство.
Најперсонализираното искуство досега
Секој момент е единствен, па зошто да не биде и вашето искуство со телефон? Серијата Galaxy S25 го користи Personal Data Engine за да ги анализира вашите навики и преференции, давајќи ви токму она што ви треба во секој даден момент. Па така, сега лесно можете да најдете стари фотографии или да побарате препораки за тој ден. И сето ова, се разбира, без да се загрози приватноста – благодарение на Samsung Knox Vault, сите ваши податоци остануваат безбедни.
Кој модел е вистинскиот за вас?
Со седум генерации на надградби и седум години безбедносни ажурирања, Galaxy S25 серијата гарантира сигурни и оптимизирани перформанси со долгорочен животен век. Овие телефони се идеални за љубителите на технологијата, дигитални номади и сите кои бараат најнови иновации, обезбедувајќи искуство што ќе ги надмине вашите очекувања.
Достапност за нарачка
Уште веднаш можете да направите нарачка на уредите од најновата серија Galaxy S25. Бидете чекор пред сите и нарачајте го онлајн вашиот нов Galaxy S25, Galaxy S25+ или Galaxy S25 Ultra.