– Илон Маск денеска го лансираше долго најавуваниот стартап за вештачка интелигенција xAI, откривајќи тим од инженери со кои сака да создаде алтернатива за Чет-ГПТ (Chat-GPT).
Стартапот ќе биде предводен од Маск, кој е извршен директор на Тесла и сопственик на Твитер и кој неколку пати изјави дека развојот на вештачката интелигенција треба да се паузира и регулира.
-Го објавувам основањето на @xAI за да се разбере реалноста, напиша Маск на Твитер.
Во старт-ап тимот се Игор Бабушкин, поранешен инженер на Дип мајнд, Тони Ву, кој работел за Гугл, Кристијан Сегеди, истражувач на Гугл и Грег Јанг, кој работел за Мајкрософт.
Маск е единствен директор, а Џеред Бирчал, управниот директор на неговата семејна канцеларија, е секретар.
Милијардерот во април изјави дека ќе основа TruthGPT, односно вештачка интелигенција што ќе се залага за вистината што е можно повеќе за да не се натпреварува со Бард на Гугл и Бинг на Мајкрософт.
Генеративната вештачка интелигенција дојде во центарот на вниманието откако OpenAI го лансираше популарниот чет-бот ChatGPT во ноември минатата година, пред Бард и Бинг.
Новата компанија на Маск е одвоена од X Corp, но тесно ќе соработува со Твитер, Тесла и други компании.