Ќе можеме да го контролираме iPhone користејќи глас

Screenshot-2024-06-16-084256.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претстојниот iOS 18 ќе донесе многу подобрувања кои вклучуваат вештачка интелигенција, а едно од нив е тоа што ќе овозможи контрола на поединечни апликации преку глас.


Во тоа ќе ви помогне Siri, гласовниот асистент кој им е добро познат на сите корисници на Apple, а кој ќе биде подобрен во новата верзија на оперативниот систем.

Според извештајот на Bloomberg, Siri ќе ви овозможи да контролирате многу работи на вашиот iPhone со вашиот глас.

„Ова вклучува отворање поединечни документи, преместување белешки во други папки, испраќање или бришење е-пошта, отворање написи во Apple News или дури и сумирање на статии“, пишува овој весник.

Според тоа, Siri би можел да биде уште покорисен во секојдневниот живот, особено кога сте зафатени со рекреација или возење.

Во почетокот Siri веројатно ќе поддржува само една гласовна команда, но се планира Apple да ги прошири можностите на овој асистент за извршување на повеќе команди истовремено.

Со оглед на тоа дека обработката со вештачка интелигенција директно од уредот бара доста моќна технологија, овие можности веројатно ќе бидат ограничени на iPhone 15 Pro или поновите модели.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK