Идеална правосмукалка за есенското чистење на домот

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сите ѝ се восхитуваме на есента и прекрасните бои на природата кои таа ги донесува со себе, и кои дури и дождливото време знаат да го направат убаво да изгледа. Но, во овој пресврт на темературите не очекуваат и домашни активности како вадење на потоплите облеки и обувки, јоргани, ќебиња, а со тоа следува и најважната активност на есенското темелно чистење на домот, таканарената есенска генералка.

Што е најважно за едно вакво чистење? Треба да го имате идеалниот уред кој ќе ви овозможи, меѓу другото, да ја отстраните нечистотијата дури и од непристапните ќошиња во вашиот стан, а неговите феноменални карактеристики беспрекорно ќе си ја завршат работата, овозможувајќи ви лесно чистење.



Одберете правосмукалка напојувана од вештачка интелигенција

Токму таква е стик правосмукалката Samsung Bespoke Jet AI, која ќе ви стане најдобра пријателка за хигиената во домот. Покрај тоа што ја апсорбира целата нечистотија на која наидува, овој уред задржува 99,999% ситна прашина благодарение на филтрацијата на воздухот со повеќе циклони. Samsung Bespoke Jet AI го носи најмоќниот Samsung вакум мотор до сега бидејќи има вграден Hexajet Motor 2.0 со моќност на вшмукување до 280 W и максимална моќност на моторот од 730 W. Неговата батерија од 4500 mAh има 80% поголем капацитет од претходната модел, оптимизиран да држи 70% од неговите перформанси до 500 циклуси и обезбедува 100 минути работа. Новитетот на Bespoke Jet AI е режимот на работа со вештачка интелигенција, напојуван од единицата за обработка на Samsung AI Optimum Tech, што му обезбедува на корисникот ефикасно чистење со правосмукалка и чистење на секоја просторија. Неговиот режим на работа со вештачка интелигенција овозможува анализа и одредување на типот на подот со цел да се оптимизира процесот на вшмукување, но и да се обезбеди максимална ефикасност на батеријата.

Благодарение на ВИ режимот, правосмукалката Bespoke Jet AI сега нуди SmartThings и Smart Wi-Fi конекција што им дава на корисниците можност лесно да ги приспособат поставките и функциите на нивниот уред, а има и опција за паметна самодијагностика за одржување на врвна изведба.

Ново ниво на чистење и хигиена

Наменет кон создавање хигиенски чиста околина, новата Samsung Bespoke Jet AI доаѓа со надграден држач за чиста станица „Сè-во-едно“ (All-in-One) што користи технологија Air Pulse за автоматско празнење на резервоарот за прав. Овој држач користи и технологија Air Spin Edge која го врти Spinning Cyclone со брзина на сечилото до 1000 вртежи во минута за да го отстрани целиот отпад, вклучувајќи ги и сите преостанати честички што може да се заглават во резервоарот. Правосмукалката Bespoke Jet AI содржи и фантастични додатоци кои несомнено ќе се погрижат да ги оправдаат вашите очекувања за оваа совршена правосмукалка. Покрај главната четка Active Dual и тенка LED четка +, имате на располагање додаток  за миленици кој е наменет за секој дом во кој живее и миленик, прскачки ротирачки чистач, како и дополнителни алатки како флекс алатката, комбинирана алатка и продолжителна алатка за тесни отвори.

Машина и за совршено чисти алишта

Како што напоменавме, сега е периодот да ги извадите вашите есенски и зимски алишта, а да ги одложите летните. И за овие активности Samsung го има совршениот уред за хигиена на алиштата, а тоа се новите AI Wash машини со вештачката интелигенција која ќе ви предлага циклуси за перење според препознавање на ткаенините, па така вашите алишта ќе бидат испрани темелно со оптимизирана количина на вода и детерѓент како резултат на напредното сензорирање на тежината и мекоста на ткаенините и нивното ниво на нечистотија.

Моделите како  машините за перење WW8400 и WW7400, обете со предно полнење со SmartThings AI Energy Mode и до А-40% екстра енергетска ефикасност,  го олеснуваат перењето на дури и најсложените парчиња облека, со капацитет за перење до 11 килограми алишта. Со технологијата Ecobubble, овие машини за перење темелно ќе ги исперат алиштата во ладна вода, додека вештачката интелигенција ќе пресмета колку прашок е доволно, земајќи ја предвид валканоста на облеката. Перењето е лесно и ефикасно, бидејќи вашата машина ги „памти“ вашите навики, предлага соодветна програма за перење и навреме ги прикажува потребните информации.

Денес е многу полесно да се одржува хигиена во домот отколку во минатото, а згора на тоа, Samsung ви дава одредени промоции на селектирани уреди за домаќинството. Искористете го овој период да добиете продолжена гаранција од 5 години за стик правосмукалки и одредени машини за перење. Повеќе за промотивните понуди прочитајте тука.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK