– Со задоволство можеме да ја споделиме веста дека Samsung Galaxy Z Flip5 е вклучен во листата на најдобри иновации за 2023 година од страна на списанието TIME, кои го прават светот подобар, попаметен и позабавен. Ова е трета година по ред како серијата Galaxy ја добива оваа престижна награда.
За да ја состави листата за 2023 година, TIME побара номинации од своите уредници и дописници ширум светот, оценувајќи го секој кандидат според клучните фактори, вклучувајќи ја оригиналноста, ефективноста, амбициозноста и влијанието.
Култниот Galaxy Z Flip5 има нов изглед и оптимизиран дизајн, поради кој тој се сместува во секој џеб и е совршен за самоизразување без да се загрози функционалноста. Напредните функции овозможуваат уникатни искуства кои го обликуваат секојдневниот живот. На пример, новиот надворешен екран Flex Window им помага на корисниците брзо да се фокусираат на најважните известувања и нуди бескрајни опции за персонализација.
Поставувајќи нов стандард и револуционизирајќи ја индустријата и начинот на кој луѓето комуницираат со нивните уреди, Galaxy Z Flip5 природно претставува изум кој го менува начинот на кој живееме, работиме, се забавуваме и размислуваме за нови можности.
Прочитајте повеќе за тоа што мислат креаторите на магазинот Time за Galaxy Z Flip5 тука.
За Samsung Electronics
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, Wearable уредите, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com.
За наградите „Најдобри иновации“ на магазинот TIME
Повеќе од две децении, уредниците на списанието TIME ги истакнуваат највлијателните нови производи и идеи во изданието на TIME „Best Inventions“ (Најдобри иновации) секоја година. За да се состави овогодинешната листа, уредниците и дописниците на магазинот TIME ширум светот беа замолени да дадат номинации преку процес на онлајн апликација, со посебен фокус на растечките области, како што се вештачката интелигенција, зелената енергија и одржливоста. Секој кандидат потоа беше оценет според голем број клучни фактори, вклучувајќи ја оригиналноста, ефективноста, амбициозноста и влијанието. Резултатот е листа од 200 револуционерни иновации и 50 иновации со посебно значење.