Жена земала плата во 16 фирми, а не работела ниту еден ден: филмската приказна ќе заврши на суд во Кина

Жена-земала-плата-во-16-фирми-а-не-работела-ниту.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Жена земала плата во 16 фирми, а не работела ниту еден ден, филмската приказна, како што пренесуваат медиумите во регионот, ќе заврши на суд.



На суд ќе се појави и нејзиниот сопруг, а наводно воделе внимателна евиденција за сите работодавци, улогите што треба да ги извршува во фирмите и месечната заработувачка.

Жената постојано барала нови работодавци, а кога одела на интервју за работа се фотографирала и им кажувала на другите шефови дека „преговара со клиентите“.

Системот, според написите, функционирал беспрекорно со години, овозможувајќи и да купи скап стан во Шангај, пренесува „Oddity Central“.

Шемата за измама почнала да се разоткрива минатиот јануари кога еден од нејзините поранешни работодавци го нашол нејзиното писмо во неколку онлајн групи и сфатил дека ја отпуштил порано.

Мажот дознал дека таа работи во друга фирма додека била на неговиот платен список и веднаш повикал полиција.

Набрзо бил склопен мозаикот од измамата која се проценува на неверојатни шест милиони евра. Покрај неа и нејзиниот сопруг, уапсени се и 50 соучесници.

Локалните медиуми јавуваат дека ваквите измами се голем проблем во Кина, со стотици специјализирани групи кои наводно ги преземаат работните места од работодавците.

Специјално се обучени, имаат „испеглани“ биографии, а ги интересираат само плати, велат познавачите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK