Американка со две матки се породила два пати за два дена, што е исклучително ретка бременост, а се пораѓала 20 часа.
Кесли Хачер (32) роди една ќерка во вторникот, а втората во средата, соопштија од Универзитетската болница во Бирмингем, во американската сојузна држава Алабама.
Објавувајќи го раѓањето на своите чудо бебиња на социјалните мрежи, Хачер го поздрави медицинскиот тим, нарекувајќи ги неверојатни, објави „Би-Би-Си“.
Мајката и девојчињата сега се дома и ќе можат да уживаат во претстојните празници.
Кога мајката имала 17 години и било кажано дека има двојна матка (uterus didelphys) и дека тоа е ретка вродена аномалија која погодува 0,3 отсто од жените.