Жена се породила во авион на летот од Јордан до Лондон и родила здраво девојче, a ѝ помогнал лекар кој бил во авионот, јави Би-Би-Си.
Доктор Хасан Кан, кој со тој лет се враќал дома од одмор, рекол дека во саботата наутро, на летот од Аман, Јордан до аеродромот Лутон во Лондон, екипажот повикал лекар, а жената лежела на подот пред пилотската кабина и дека таа вода пукна.
Кан (28), кој работи во болница во Есекс, Англија, рече дека авионот потоа бил пренасочен на аеродромот во Бриндизи, во јужна Италија, за да може 38-годишната жена и нејзиното бебе да бидат префрлени на болница, пренесува Танјуг.
Лекарот рече дека семејството го известило од болница дека и мајката и бебето се добро.