Германскиот весник „Тагешпигел“ објави дека непознати лица истуриле црвена боја врз редакцијата во Берлин и напишале слоган „Германските медиуми убиваат“.
Освен тоа, напаѓачите нацртале црвен триаголник на зградата, која е поврзана со палестинското движење Хамас.
Чувар утринава околу 3 часот и 30 минути ги открил натписите на зградата и настанот го пријавил во полиција, а чистењето на фасадата веќе е започнато.
Како што рече портпаролката на полицијата, Службата за државна безбедност ја истражува причинетата материјална штета во инцидентот со политичка позадина.
Според експертите, Хамас го користи црвениот триаголник за да ги обележи своите непријатели по терористичкиот напад врз Израел во октомври 2023 година. Пропалестинските активисти, сепак, тврдат дека црвениот триаголник симболизира дел од палестинското знаме.
Во Германија, симболот често се појавува на антиизраелските демонстрации.
Покрај зградата Тагешпигел, во последните месеци со боја во Берлин се попрскани и седиштето на СПД, Универзитетот Хумболт, техно клуб и паб во Нојколн, пренесува Танјуг.