Зголемување на бројот на заразени случаи со денга треска во Европа

Зголемување-на-бројот-на-заразени-случаи-со-денга-треска-во.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Европа, во 2022 година беа забележани повеќе случаи на локално заразниот вирус денга отколку во целата претходна деценија. Зголемувањето на бројот на пациенти претставува закана за јавното здравје, но отвора можности за соодветен одговор на пазарот и можност за производство на вакцини и третмани против денга треска, што треба да ја поттикне фармацевтската индустрија да ги зголеми инвестициите во борбата против оваа запуштена болест, пишува „Политико“.



Луѓето кои работат на терен велат дека порастот на бројот на случаи на денга треска на Запад може да го отежне снабдувањето со лекови кои спасуваат живот на оние на кои им се најпотребни, бидејќи компаниите за лекови развиваат алатки кои се помалку ефикасни во земјите каде што денгата е најраспространета.

„Можеби изгледа како добра работа, и добра работа е да се развијат повеќе производи. Но, дали тогаш тоа создава систем каде населението со високи приходи добива пристап до лекови, додека пак земјите со низок и среден приход не?“, праша Линдзи Кир, директорка на тимот за наука и политика во „Policy Cures Research“.

Климатските промени и миграцијата значат дека комарците кои пренесуваат денга, како и други болести како чикунгуња и зика, пристигнуваат во Европа.

Најновите годишни податоци на Европскиот центар за превенција и контрола на болести покажуваат дека во Европа во 2022 година се регистрирани 71 случај на локално заразниот вирус на денга – 65 во Франција и шест во Шпанија, пренесува Танјуг.

Иако денга треската обично е придружена со благи симптоми, инфекцијата може да доведе до висока температура, силна главоболка и повраќање, а тешките форми на болеста може да предизвикаат крварење на непцата, абдоминална болка а во некои случаи, смрт.

Досега, комарецот што ја пренесува инфекцијата беше ограничен главно на јужна Европа, но неодамна, загриженоста за вирусот денга е присутна низ целиот континент, според „Политико“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK