ЕВРО-медитеранскиот сеизмолошки центар (EМСЦ) вечерва соопшти дека Словачка е погодена од земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот бил на 18 километри северозападно од градот Хумен, на длабочина од 10 километри. Сведоците во ЕМСЦ опишаа како тоа изгледало.
„Првиот земјотрес во мојот живот, многу чудно и страшно чувство. Таванот почна да пука“.
„Како да почна да се лизга куќата. Прво помислив дека авионот ја пробил звучната бариера, па прозорците почнаа да вибрираат, но наеднаш се чинеше дека целата куќа ја погоди некаков бран. Тоа траеше околу 3-4 секунди“.
„Никогаш не сум го почувствувал ова. Целата куќа се движеше, како да сум на брод. За среќа, таму немаше штета“.
„Креветите и масите ни се тресеа“, се дел од коментарите.